Кучиња скитници искасаа три лица во Аеродром, Центар и Драчево

Три лица вчера пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња, соопшти полицијата.

Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.

-Вчера попладне во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник. Во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата „Јустинијан Први“ во Драчево бил каснат од куче скитник, наведе полицијата.

Претходна вестКрадците одзеле сеф полн со пари од менувачница во Чаир
Следна вестЈа нападнал поранешната сопруга на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож