Ограбена е менувачница на подрачјето на скопската општина Чаир, соопшти полицијата.
МВР информира дека вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир.
-Оттаму одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „Фолксваген џета” без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, наведува полицијата.