Ја заборавија ли Арсовска и Муцунски раскопаната улицата кај ОУ „Љубен Лапе“?

Во Скопје вообичаена работа стана да се почне некоја градба и потоа тоа да се одолговлекува, одолговлекува… Ова е особено карактеристилно за градежни работи кои ги прави централната или градската и општинските власти. Едноставно, ќе го постава знакот со работник како работи, ама вистинските работници ги нема. Или ги има од време на време или само по два – тројца…

Таков пример има сега на делот од улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром во близина на основното училиште „Љубен Лапе“. Раскопана е со месеци. Сообраќајните знаци дека се работи се на теренот, ама работниците…

-Во прашање се 300 метри и не ги направија со месеци. Поставија плочки за новата патека и толку. Се друго е дупки, ни вели аеродромец кој живее во околните згради.

Почеток на подготовките за работа почнаа уште во времето на претходниот градоначалник. А новото градско и општинско раководство уште на почетокот на април почна со сечење на дрвја долж улицата, а потоа се раскопа патот со цел да се прошири. Но се така остана.

Дали градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски ја заборавија улицата?

За потсетување: Целиот проект е со цел да се прошири улицата која треба да се спои со булеварот “Трета македонска бригада“. Овој проект го води Градот Скопје, а го почна поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов во периодот пред локалните избори.

Во својот отчет за 100 дена од работата градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наведе дека „Се пробива улицата „Васко Карангелески кон булеварот „Трета македонска бригада“…

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат
Следна вестВозачка дозвола на преглед! Леле заборавив да полагам…