Јакимовски: Лага се изговорите на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деталните урбанистички планови каде ќе се прават згради

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска изјави дека се лага и измислица изговорите на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деталните урбанистички планови каде ќе се прават згради, туку се противат и на оние каде има само куќи.

-Јас ги повикав сите советници и предложив, секоја советничка група нека каже и нека одлули кои два плана се спремни да ги поддржат , можат ли да одговорат зошто не гласаат и за планови каде што имаме само куќи? Зошто советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против планот во Злокуќани, еве нема згради во тој дел. Кажуваат приказни немало градинки, а во урбанистичкиот план е предвидено градинка, можат ли да објаснат зошто урбанистичкиот план за Жданец не го гласаат, 57 хектари се само куќи и каде што имаме одобрение од Град Скопје. Приказните нивни немало канализација , не чинело , ако конкретно зборуваме за „Алумина“ имаме цевки ф-500 , влегуваат во ф-600 и во непосредна близина е колекторот ф-700. За споредба само да знаете до пред 6 години по Партизанска канлизационата цефка беше ф-500“, вели Јакимовски.

Јакимовски рече дека од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ се прават опструкции за недонесување на Буџетот на Општината за 2024 година и за важни проекти за граѓаните.

-Одбиваа да гласаат детални планови каде што има само куќи и каде што граѓаните бараат постојано да доградат, но, очигледно дека ваквите деструктивци се погрешен избор за граѓаните во општината. Останува да се бориме против ваквите деструкции и очекувам поддршка од граѓаните токму на оваа тема. Да се деблокира работата на буџетот, да се поддржат овие програми, подвлече Јакимовски.

Претходна вестЗдружение на инженери: Истечен е рокот за потпишување на договорот за „Чебрен“
Следна вестПронајдено 15-годишното девојче од Велес, по кое се трагало од февруари