Јакимовски: Подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија

Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија, нагласи синоќа од Карпош претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски.

– Почитувани пријатели, видовте како ме потценија, викаа нема да собере потписи, абе газам ли јас на трула даска? Па потоа измеќарот над измеќарите излезе да каже дека јас сум бил измеќар затоа што сум бил опозиција на опозиција, а тогаш кажав има уште еден трет за кој ништо не кажа па сега видовте дека се во окалиција. Јас ги читам како на рентген, па ги пратија нивните пријатели да ме стават на црна листа, истакна Јакимовски.

Тој додаде дека народот гледа кој најмногу знае и кој е најмногу спремен да биде претседател на Република Македонија.

– Се обидовте да бегате од дебати, земавте милиони да се рекламирате како Цеца и Здравко Чолиќ ама рејтингот ви паѓа, а јас добивам поени и како попчиња ќе се нацртаат на децата на МРТ. Јас јасно кажувам што треба да правиме во Република Македонија. Мора да тргнеме од здравството, да не нѐ лазат бубашваби, да се зголеми придонесот, темелот на општеството на образованието е разрушен, ни треба сериозна реформа, ако имаме образовани деца ќе имаме посилно општество, ќе имаме подобри доктори, инженери, политичари, нагласи Јакимовски.

Претходна вестПендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот
Следна вестВанковска: Ние припаѓаме на Европа, но не и на Европска Унија