Откако Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски собраа 10.000 потписи за претседателски кандидати, вечерва на оваа листа се приклучија и Стевчо Јакимовски од Гром и кандидатот на Левица, Билјана Ванковска.
Јакимовски ги собрал потребните 10.000 потписи за да може да учествува во претседателската трка. Ова тој го објави доцна попладнево на неговиот профил на Фејсбик, прецизирајќи дека се собрани 10.372 потписи.
– Потписите се собрани, битката допрва почнува.
Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг.
На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија, напиша тој на Фејсбук.
Се огласија и од Левица со објава на Фејсбук.
-Левица има претседателски кандидат!
Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија!
Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, стои во објавата на партијата Левица на Фејсбук.