„Јас не ја разбирам Мила„, „Историјата е мајка на знаењето“, „Но пасаран“, „Цезар не е само салата“…се дел од пораките кои денеска се појавија на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и пред Влада како резултат на герила акција на студенти од Институтот по историја при Филозофскиот факултет. Акцијата е израз на отпорот кон понудениот Концепт за промени во основното образование прелдожен од страна на Министерството за образование и наука со кој меѓу другото се предвидува предметот историја да замине во историјата и се претопува во општ предмет .
Димитар Коруноски, дипломиран историчар и претседател на Факултетското студентско собрание на Филозофски факултет изјавил дека понудениот Концепт е донесен без консултација со професорите историчари и тоа што неговите идејни творци покажуваат непознавање на материјата што сакаат да ја реформираат.
–Најмногу ми пречи, пак, тоа што „Концептот“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосема поинаков вид. А сето ова се прави во момент кога македонската историја и македонскиот идентитет се нападнати и оспорени однадвор. Ми пречи што освен предметот историја се засегнати и редица други предмети за кои кадарот произлегува од неколку Институти на Филозофскиот факултет, што според мене значи дека се загрозува иднината на сите сегашни и идни наставници и професори од сферата на хуманистичките и општествените науки, рекол Коруноски, а пренесе радио МОФ.
Тој на својот профил на Фејсбук објави и фотографија од акцијата која ја пренесуваме.