Александар Васоски е нов тренер на Академија Пандев

Шпекулациите се остварија, од денеска Александар Васоски е нов тренер на Академија Пандев.
Тој потпиша 18 месечен договор со струмичкиот клуб и ќе биде нивниот трет тренер оваа сезона.
Асистент на Васоски ќе биде Раденко Бојовиќ со кој соработуваше и во Вардар.
Популарниот „Тетовче“ шест години беше во Вардар каде почна од асистент, па премина во прв тренер и со голем успех ги водеше црвено-црните, но не можеше веќе да ја издржи финансиската нестабилност во актуелниот шампион.
Претходна вест„Јас не ја разбирам Мила“, „Цезар не е само салата“- студентска опомена за образовната реформа
Следна вест26 починати и 489 новозаразени од вирусот