Јавниот превоз на 1 јануари ќе функционира по неделен возен ред

Од ЈСП информираат дека во недела и понеделник јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. На 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од вторник јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во недела и понеделник билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат. Од вторник продолжуваат со вообичаено работно време.

Што се однесува до Жичарницата таа на 31.12.2023 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.

Претходна вестКовачевски го отпеа најголемиот хит за 2023: Изградивме 1.300 километри патишта…
Следна вестБрзиот автобуски систем во Скопје споро ли ќе се прави?