Град без градба е мртов град, ова го изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во последното интервју за една од телевизиите. Неговата изјава наиде на жестока критика на јавноста, особено после невремето од попладнево.
-Излезе на виделина што значат експанзивните градби во Скопје и како може градот да се уништи за помалку од половина час заради погрешните чекори преземани последните 3 децении, од било која власт…
-Дали после вакви штети од невремето, некој ќе одговара за непланското градење во Скопје, особено во Центар? – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Герасимовски, меѓу другото, зборуваше и за пожарот во поранешната фабрика „Треска“, за кој рече дека е предизвикан од човечки фактор, бидејќи неколку месеци пред да избувне биле регистрирани неколку кражби на кабли и други предмети. За тоа што ќе се гради на местото на пеплосаната фабрика, рече дека ништо нема да се почне без и Советот на Град Скопје да даде амин.