Итен состанок на кризниот штаб на Град Скопје, невремето направи многу штети

Скопје до пред малку беше зафатено од невреме проследено со силен – пороен дожд прселеден и до град. Силниот ветер дополнително ја влоши состојбата бидејќи има повеќе искршени дрвја и гранки, а откорнати се и повеќе кровни конструкции низ градот.

Поради сето ова градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје

-По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, се вели во соопштението од Град Скопје.

Инаку, цели крстосници во Аеродром се под вода па на моменти возачите мора да ги сопрат своите возила. Слично е и во Центар и Кисела Вода.

Кровни конструкции се летнати на аеродромската улица „Владимор Комаров“ и позади „Скопјанка“, а има неколку и во Центар. Под вода е подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“. Поплавени се и делови од „Ист Гејт Мол“. Многу вода има и кај подвозникот на хотел „Александар Палас“.

Има и многу оштетени возила од скршени гранки, а оштетени се монтажни објекти.

Претходна вестСилно невреме во Скопје: Улици станаа реки, откорнати кровови…
Следна вестЈавноста прашува: Дали по вакви последици, некој ќе одговара за 30 години непланско градење на Скопје?