Силно невреме во Скопје: Улици станаа реки, откорнати кровови…

Невреме со пороен дожд и град го зафати Скопје. Поплавени се повеќе улици низ Градот, а сообраќајот на места се одвива отежнато оти некои улици наликуваат на реки.

Цели крстосници во Аеродром се под вода па на моменти возачите мора да ги сопрат своите возила. Слично е и во Кисела Вода.

Силниот ветер дополнително ја влоши состојбата бидејќи има искршени дрва и гранки. Соборен е и лимен кров од зграда на улицата „Владимир Комаров“, а еден сличен кров е откорнат позади „Скопјанка“. Оштетени се и возила од паднатите гранки.

Сетоа ова се случи во период кога многумина се враќаат од работа и има засилен сообраќај во градот, поради што и во моментот иако дождот намали со силината сообраќајниот метеж не е расчистен.

 

Претходна вестБесими за задолужувањето од 50 милиони евра: Кредитот е земен за премостување на периодот до издавање на еврообврзница
Следна вестИтен состанок на кризниот штаб на Град Скопје, невремето направи многу штети