Преброени половина од гласовите: Силјановска Давкова со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна пред СДСМ

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати на ДИК.

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 54,62 од гласачките ливчиња води кандидатктата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 257.220 (63,66 отсто) а Стево Пендаровски од СДСМ има 121.050 (29,96 проценти).

Според податоците на ДИК, од 54,36 отсто обработени избирачки места, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 188.616, за СДСМ 63.641, за ДУИ 84.156, за ВЛЕН 69.445, за Левица 31.012, ЗНАМ 22, 741.

Претходна вестДаштевски: Цензусот е исполнет, за претседател гласале 767.715 гласачи
Следна вестПендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците