Јокиќ одигра историски меч, Денвер ги победија Лејкерси

Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл, втор по ред, 11. сезонава и 87. во кариерата во победата на неговите Денвер Нагетс над ЛА Лејкерс 122:109. Овој трипл-дабл беше посебен, единствен во НБА. историја.

Јокиќ не промаши ниту еден шут и постави личен рекорд за сезоната со 16 асистенции. Постигна 14 поени, тој ги погоди сите пет удари од поле, од кои една тројка, како и сите три слободни фрлања, имаше и 11 скока, една блокада, една украдена топка и четири загубени топки.

Со тоа, двократниот МВП стана првиот играч во историјата на НБА кој остварил трипл-дабл без промашен шут со 15 или повеќе асистенции. Помеѓу тие асистенции, повторно имаше додавања долж и низ целиот терен, без гледање, низ противничките играчи, но најмногу се истакна кога ја извлече целата одбрана, а потоа на од зглобот го проигра на Арон Гордон.

Лејкерси играа без Леброн Џејмс, кој го гледаше мечот од клупата заедно со Ентони Дејвис. Во отсуство на двајцата најдобри играчи Лејкерис ги предводеше Расел Вестбрук со 25 поени.

НБА, резултати:

Вашингтон – Њу Орлеанс 112:132
Бостон – Чикаго 107:99
Њујорк – Милвоки 107:111
Мемфис – Сан Антонио 121:113
Сакраменто – Орландо 136:111

Претходна вестМарочко: Околу 100 украински војници хоспитализирани поради смрзнатини
Следна вестОН: Озонската обвивка полека се обновува