Јовески конечно одржа прес – и не кажа ништо ново

Претставниците на Јавното обвинителство на Бугарија денеска пристигнаа во Јавното обвинителство кај нас и во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на загинатите во автобуската несреќа, заедно со документација што е досега обезбедена, пред се одземените документи од „Беса транс“ и податоци од Министерството за транспорт и врски, соопшти денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференцијата.

На експертизата за утврдување на идентитетот од ДНК анализата, Јовески посочи дека ќе присуствуваат и двајца претставници од Судска медицина, единствено, како што рече „со цел да се забрза постапката“.

Јовески, на прес- конференцијата не бјави ништо ново, освен што повтори се што досега е познато во јавноста – дека во изгорениот автобус денеска е пронајдено уште едно тело на починат патник, кое што е пренесено во Институтот во Бугарија, со што во несреќата настрадале 45 патници, а седум се пренесени на лекување во софиската болница.

Прашан како четири дена по настанот е пронајдено уште едно тело, Јовески рече дека Обвинителството беше транспарентно во целиот процес и се што е преземено е соопштено на јавноста.

– Апсолутно сум уверен дека нема никаков сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело, затоа што од сликите што ги видовте, автобусот е многу оштетен. При соодветните вештачења во дел од автобусот е пронајдено уште едно тело. Според тоа, ја уверувам јавноста да нема никаков сомнеж во тоа и тоа ми го потврдија и бугарските обвинители и ова е неспорен факт, изјави Јовески.

 

Претходна вестВикенд со јужен ветер, малку дожд и снег
Следна вестКовид-статистика: 12 починати за 24 часа, уште 7 од претходно 434 нови заразени