Викенд со јужен ветер, малку дожд и снег

За време на викендот ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец ( км/час), што ќе услови повисоки температури. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места, информираат од УХМР.

Претходна вестМицкоски за автобуската несреќа: Ова е продолжение на корупцијата, криминалот и нефункционирањето на државните институции
Следна вестЈовески конечно одржа прес – и не кажа ништо ново