ЈП „Градски паркинг“: Не е во функција наплаќањето паркинг преку СМС порака

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ја известува јавноста дека, поради надградбата на системот за зонско паркирање кое се врши моментално, а со цел подобра и поефикасна услуга за корисниците, денес, 3.8.2022 година, не е во функција наплаќањето преку смс порака.

‘Односно смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не се во можност да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, како давател на услугата. Поради ова, ги молиме корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Работиме на тоа – во најбрз можен рок да биде ставен во функција надградениот систем, со што на корисниците ќе им биде достапна поефикасна услуга, се наведува во соопштението.

За достапноста на овој поефикасен систем, навремено ќе биде известена јавноста преку средствата за комуникација

Претходна вестСе распадна долниот дел од споменикот на Славко Јаневски, ќе се чека ли да се урне?
Следна вестЧетири починати лица, нови 178 заразени со Ковид -19