Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници „ЛАЈКА” Скопје започнува едукативен караван во скопските училишта на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик”. Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје децата ќе имаат можност да се едуцираат и да научат што подразбира одговорно чување на куче и како да се грижат за своите миленици.
-Сметаме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на децата па затоа целта на оваа активност е да, преку едукација, се зголеми свесноста кај најмладите за одговорното сопствеништво за теми како што се ненапуштањето на милениците и соодветната грижа за истите, а преку тоа и да се придонесе кон долгорочно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња во Скопје, но и во земјава, се наведува во соопштението.