ЈСП го зголеми број на автобуси на неколку линии во градот

Од денеска на дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред, соопшти ЈСП.

Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180. Линиите 9, 19, 20 и 23 часот, како и во изминатиов период, продолжуваат да сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање.

Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати.

Претходна вестТешко повреден 96-годишен велосипедист
Следна вестКорона вирусот на кожата може да преживее до девет часа, четири пати повеќе од вирусот на грипот