Тешко повреден 96-годишен велосипедист

Со тешки телесни повреди се здобил 96-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид, информира полицијата.

Несреќата се случила кај крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Никола Петров Русински“ во Охрид.

-Случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) и велосипед, управуван од Е.С.(96), двајцата од Охрид. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид, информираат од охридската полиција.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Претходна вестМузичари ќе им отсвират на владините мерки, па макар и ги апселе
Следна вестЈСП го зголеми број на автобуси на неколку линии во градот