ЈСП и Град Скопје, не заборавајте дека и хронично болни патуваат со автобус

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се согласува со мерките што ги предложува Комисијата за заразни болести, па ако има потреба ќе се редуцира бројот на патници во автобусите. Односно ќе се возат само педесет отсто од максималниот капацитет.

Ваквата мерка според скопјани е нелогична. Револтирано пишуваат и на социјалните мрежи но и на нашата маил-адреса.
-За да го редуцирате бројот на прием на само половина од патниците кои инаку ги собира во автобус, значи дека треба да пуштите уште најмалку една линија за секој број, односно уште по најмалку еден плус автобус. Барем за најкритичните дестинации, како броевите 61, 63, 41…
-Зошто веднаш патниците да се намалат? Знаете ли дека и хронично болни лица се возат со автобус за да стигнат до работа? Тие луѓе ќе треба двојно повеќе да стојат на автобуска станица чекајќи некој следен автобус оти ќе биде тепачка кој прв да се качи во тој што стигнал? А ако не воведете почести линии, кој знае уште колку време такви луѓе ќе треба да стојат на станица за да дојде нов автобус. А загадувањето и студот само што почнуваат…, коментираат скопјани.

Надлежните мора да ги земат предвид сите аспекти кога предложуваат рестриктивни мерки, односно мора да се размисли на сите ситници кои може да значат дополнително влошување наместо подобрување. Како она што е наведено во прашањата погоре.

Дали новите предложени мерки, како овие вчера ќе стапат на сила зависи од тоа кога владата ќе ги изгласа, а дали реакциите на скопјани ќе бидат земени предвид – останува да видиме.

Претходна вестСаниран дефектот, водоснабдувањето ќе се нормализира до полноќ
Следна вестХуманитарен концерт за Игор Пармаковски во четврток во Филхармонија