Саниран дефектот, водоснабдувањето ќе се нормализира до полноќ

Саниран е дефектот кој предизвика повекечасовен прекин на водоснабдувањето во поголем дел од град Скопје. Ова го известија пред малку од ЈП Водовод и канализација – Скопје, преку Фејсбук.

-Дефектот на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од ф1400мм е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ, наведуваат од претпријатието.

Се наведува дека екипите непрекинато работеле на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстраниле истиот.

-Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се затвори цефка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода. Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема цефка која е под силен притисок, водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови и кај сите корисници. Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа ситуација, посочува Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Претходна вестВодовод: Дефектот е саниран, граѓаните ќе добијат вода до полноќ
Следна вестЈСП и Град Скопје, не заборавајте дека и хронично болни патуваат со автобус