ЈСП „Скопје“ предупредува: На социјалните мрежи се прави измама со електронската картичка „Скопска“

Измама преку социјални мрежи се прави со фалсифукување на логото на електронската катричка „Скопска“, предупреди денеска ЈСП „Скопје“.

Во соопштението на најголемиот градски автобуски превозник се наведува дека тоа го прави група наречена „Транспортна карта на град Скопје“.

-ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП „Скопје“. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните, укажуваат од ЈСП.

Јавно сообраќајно претпријатие „Скопје“ ја пријави измамата во МВР.

-Очекуваме брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП, се наведува во предупредувањето.

Претходна вест19-годишно момче е тешко повредено на патот Берово – Струмица
Следна вестПросечната плата во Македонија стаса до 41.939 денари