Јутјуб денеска објави дека на една недела го суспендира телевизискиот канал Скај њуз Австралија од својата платформа за размена на видео-снимки поради лажни информации за Ковид-19.
– Имаме јасна политика за лажните информации за Ковид-19… за да спречиме ширење на лажни информации за коронавирусот, кои можат да нанесат штета на светот, се наведува во соопштението на Јутјуб.
Скај њуз Австралија е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на Јутјуб има 1,86 претплатници. Телевизијата пред три дена на Јутјуб објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ги критикувца властите за затворањето на Сиднеј.
Јутјуб има три вида казни за прекршувања: првата е суспензија од една недела, потоа две недели за повторување на прекршокот во рок од 90 дена и конечно трајно отстранување од платформата.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше суспендиран од Јутјуб на почетокот на 2021 година.
Видео платформата Јутјуб е во сопственост на Алфабет, матичната компанија на Гугл.