Кацарска: Фрапирана сум од тоа како се донесоа измените на Кривичниот законик

Фрапирана сум од тоа како се донесоа измените на Кривичниот законик со кои не се согласувам, изјави денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Таа рече дека е изненадена од нивното носење затоа што воопшто не знаеле дека тие се спремаат.

-Навистина сум фрапирана како тоа се донесе закон, без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а од друга страна две години и веќе неколку месеци не може да се изберат судии на Уставниот суд, не може да се комплетираме. Што значи каде што им одговара на политичарите не се прават опструкции, така се тера, таму каде што сакаат да прават опструкции може да ја блокираме државата. Како долгогодишен судија од Кривичниот суд секако дека не се согласувам со вакви измени на КЗ, поготово не за вакви кривични дела, рече Кацарска која денеска присуствуваше на одбележувањето на денот на независноста во градскиот парк во Скопје.

На прашањето за дадените изјави во јавноста од страна на правници кои го оправдуваат намалувањето на затворските казни одговори:

-Јас не се согласувам со таква изјава, не можеме ние да имаме само благи казни, а конфискацијата дали ке успееме да ја спроведеме ние или не, затоа што оние кои го прават финансискиот криминал се многу интелигентни и итри во тој дел, а во поглед на високите казни имаше критики ако се сеќавате за пресудата за 27 април, дека сум дала драконски казни. Но, што правиме кога имаме слична ситуација и во Америка каде што се дадени повисоки казни за упадот во Капитол хил, таму има многу повисоки казни од 22 години, 19 години, што значи во рамки како моите казни. Ние не може да поистоветуваме висина на казни, конфискација итн., рече Кацарска.

Претходна вестПротест во Тетово за жртвите во модуларната болница: Се бара правдата да излезе на виделина
Следна вестВремето денес сончево со температура до 33 степени