Времето денес сончево со температура до 33 степени

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

И во останатиот дел од Македонија времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен.

Во наредните денови ќе следи период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец. Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.

Претходна вестКацарска: Фрапирана сум од тоа како се донесоа измените на Кривичниот законик
Следна вестБројот на загинати од земјотресот во Мароко порасна на 632 лица, во земјата владее тотален хаос