Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот „Монструм“ денеска ја напуштил судницата откако обвинителската Фатиме Фетаи побарала да се стави во притвор заедно со обвинетиот Фејзи Азири. Исмаиловиќ ја напуштил судницата непрешен од никого и заминал во непознат правец наместо да се почека одлуката на Кривичниот совет по барањето на обвинителката Фетаи. Доколку Кривичниот совет го прифати барањето на Фетаи тоа ќе значи дека тој треба веднаш да биде ставен во притвор.
МВР попладнево потврдило дека полицијата го бара Исмаиловиќ по налогот на Судот. Тој, инаку, се брани од слобода откако во ноември 2017 година Врховниот суд ги укина првостепената и второстепената пресуда за петкратното убиство на млади момчиња и еден рибар во 2012 година кај Смилковското езеро. Исмаиловиќ како и останати пет обвинетри беа осудени на казни доживотен затвор во 2014 година.
За третообвинетиот Хаки Азири обвинителкта Фетаи побарала наместо како досега два пати неделно да се пријавува во суд, тоа да го прави секој ден. За Сами Љута останува истата мерка – да се појавува на суд двапати неделно.
-Се ближи крајот на судскиот процес, а доказите не одат во прилог на обвинетите. Очекуваме дека врз основа на доказите, обвинетите ќе бидат осудени, рече Фетаи.
Во текот на расправата Исмаиловиќ негира дека има намера да избега и рече дека, доколку сакал да избега, тоа ќе го сторел кога му бил укинат притворот.