Кадиров: „Ќе формирам своја војска“

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров размислува за создавање армија која ќе ги штити интересите на угнетените народи. Ова им го кажа на новинарите за време на презентацијата на оружјето на рускиот универзитет за специјални сили.

-Неодамна многу размислував за формирање силна армија која би можела да се пресели во различни земји и да ги заштити народите кои денес ги уништуваат и убиваат државите, оние кои ја наметнуваат својата демократија, рече чеченскиот лидер.

Тој изјави дека оваа армија ќе се состои исклучиво од патриоти кои се подготвени да ги дадат своите животи за воспоставување ред.

-Ова е многу тежок пат, но ние се стремиме кон него и одиме напред, додаде Кадиров.

Кадиров претходно зборуваше за својата намера да формира приватна воена компанија по завршувањето на работата во државната служба, според регионалните медиуми.

Претходна вестЕвропски земји почнаа и дополнително да го намалуваат работното време, а кај нас…
Следна вест25-годишен загина во сообраќајќа на патот Штип-Плачковица