Кафеаните и кафулињата ќе можат да затвораат во 22.30, а ќе функционираат само летните, односно отворени тераси. Владата вака одлучи откако Централниот кризен штаб и рече дека нема потреба од толкава строгост во однос на мерките бидејќи бројките на новозаразени опаднале значително.
За жал, смртноста од вирусот и натаму е висока односно не спаднува. Но, тоа е сосема поинаква тема која заслучува длабоко внимание и анализа, што македонските граѓани никогаш не ја слушнаа од надлежните.
Сега дилема е дали угостителите и нивните посетители се подготвени да се однесуваат според протоколите.
-Како ќе се спречи седењето на масите во непосредна близина без никакво растојание? Кој тоа ќе го прави: газдата на локалот кој потоа ја известува полицијата, или пак не?
-Отворени тераси значи со постојан проток на воздух, а не со најлонски тенди и пластични шаторски варијанти…Кој ќе ги казнува и тие и на кој начин?
Да не се случи опуштање препорачуваат лекарите. Никако не е дојдено време за вакво неодговорно однесување од никого, а угостителите мора да се погрижат за дистанца и соодветни услови на терасите. Други лекари пак тврдат дека собирите во една друга форма, како таа во Охрид, допрва ќе ги донесе полошите бројки, токму заради небезбедните дистанци меѓу луѓето во кафеаните.