Трибина: 100 години од раѓањето на Блаже Конески и ден на македонскиот јазик

Денеска пред Културно информативниот центар во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Блаже Конески денес“ по повод 100 години од неговото раѓање, а исто време во организација на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, во Штип се одржува конференција посветена на Денот на македонскиот јазик.

Одбележувањето е во согласност со планот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, а ќе присуствуваат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, ректоратот на УГД и Филолошкиот факултет, а почнува во 13 часот.

На трибината во КИЦ ќе учествуваат, Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.

Претходна вестКафулињата работат до 22.30: отворени тераси не се најлонски тенди, а растојание не е да си залепен до другиот без маска!
Следна вестОблачно, топло, со краткотраен дожд