Облачно, топло, со краткотраен дожд

Во Скопје времето денеска ќе биде умерено облачно со слаб до умерен југозападен ветер. Моѓен е и слаб дожд. Минималната температура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне 24 степени.

На останатото подрачје во Македонија времето ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

Претходна вестТрибина: 100 години од раѓањето на Блаже Конески и ден на македонскиот јазик
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Загреб за 794.052 евра купил противпожарно возило кое Шилегов го платил 1.723.621 евра