Осум украдени велосипеди биле пронајдени кај малолетник во Кавадарци. Тој бил уапсен.
Вчера попладне, во 14 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди, кои не се од ист бренд, а за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во периодот од 28.6. до 4.9.2023, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.