Темен режим Режим на светлина

Пронајдени 22 пакувања со експлозив кај 63-годишник

Кај 63-годишник од беровското село Митрашинци бил пронајден експлозив. Тој бил уапсен.

-Денеска, во 6 часот, во селото Митрашинци, Беровско, по добиена судска наредба од Основниот суд Кочани, извршен е претрес во домот на 63-годишниот Б. Б. во село Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограма) и 9 м бавногоречки фитиљ, соопшти МВР.

Б. Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кај 15-годишник пронајдени осум украдени велосипеди

Следна објава

ЈП „Дрисла“: МВР и ЈО детално да го истражат пожарот и сторителите да бидат најдени и казнети