Вистинска драма се одвивала вчера во населбата Маџари, откако непознати лица украле автомобил, по што почнале да бегаат, а кога полицијата почнала да ги следи, пукале кон неа.
Сцената се одвивала вчера попладне, кога сопственикот пријавил дека му е украдено возилото. Полицијата го забележала во Маџари и почнала да го следи. Кога крадците ја забележале полицијата, го оставиле возилото и почнале да бегаат.
Едно од лицата испукало еден куршум кон нив, но за среќа никој не е повреден, по што и полициски службеник испукал еден куршум во воздух.
Возилото му е вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.