Какви избори правиме сите ние?

Колумна на Габриела Илиевска:

Македонија е земја каде датумот за избори се обележува како некој празник“, како момент кога се решават сите наши проблемиМеѓутоа, изборите не се само период од 20 дена кампања и 3 дена гласање. Но, не оди тоа така!

Сите ние избори правиме секој ден – на работа, дома, во контактите со пријателите… избираме како и каде да живееме, избираме како да се однесуваме кон нашиот град, нашата маала, нашата зграда, комшии, соработници… Секој мора прво од себе да почне да прави избори, за да потоа може да направи правилен избор кога ќе му се даде прилика да избира свои претставници во Собранието, во општинските совети, во владатаградоначалници итн.

Исто како што правиме избор за сопствениот начин на живот, така треба да правиме избор и анализа за оние кои треба да ги избираме. Таквиот начин на избор никогаш нема да нѐ натера да се запрашаме или обвиниме себе си дека сме згрешиле. Оти избор од атер, заради тендер, вработување или партија – значат избор да живееме во изместено општество.

Мора да се избира мудро, паметно и промислено, за да не се нудат медиокритети, туку нормални и чесни луѓе, луѓе кои си ги сакаат граѓаните и градот, сакаат да сработат нешто, наместо да ве убедуваат – гласајте за нас!

Која е потребата да ве убедува некој за избор, да гласате за него, ако добро си ја сработил претходно доверената работа од претходните избори?

Ако е добро сработено ќе биде видливо, секој ќе сака така и да се продолжи, да се сработи уште понатаму и со задоволство ќе ве избере пак. И можеби изборите можат да бидат и празник на демократијата,ако секој решава според својата свест и совест, а не заради притисоци,уцени, ситни лични интереси…

Секој избор значи избор за начин на живот, за нас и за нашите деца. Затоа, кога избирате – имајте чувство дека си избирате начин на живот – и за вас и за вашите најблиски.

Јас одамна направив избор, а тоа се Битола и битолчани. Битола пред се.

Претходна вестСончево и топло, попладне е можен краткотраен дожд
Следна вест8 пациенти починале од вирусот, 199 се новозаразени, најмногу во Скопје и Св. Николе