Камчев на 16 јули седнува на обвинителна клупа за плацевите на Водно

Судењето против бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, ќе почне на 16 јули.

На Камчев на 11 овој месец му беше продолжен притворот за нови 30 дена.

Бизнисменот веќе три месеци е во притвор, како осомничен во предметот “Плацевите на Водно”.

Одбраната на Камчев неодамна информираше дека станува збор за политички притисок, дека не се води фер постапка против него и оти за целиот случај е информиран со докази Судот за човекови права во Стразбур.

Претходно, Камчев нудеше и гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постои опасноста од бегство.

Освен Камчев, во овој случај осомничен е и екс премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој е во притвор, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Претходна вестБугарско МНР: Спроведувањето на Договорот да биде во идната рамка за преговори на Скопје со ЕУ
Следна вестДенеска најтопло во Демир Капија со 37 степени, утре најава за 40