Касами: Владејачката коалиција има силна поддршка од САД, очекувам зголемување на мнозинството

Билал Касами откако победи на изборите во Тетово помогнат и со гласовите на Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ сега комотен најавува дека владината коалиција на централно ниво ќе се засилува со нови пратеници. Ќе се зацврстувала власта контра на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса. Едноставно, лидерот на Беса која е дел од владината коалиција истакнува дека актуелната Влада треба да продолжи со работа.

– Очекувам актуелното владино мнозинство да се зголеми, односно пратеници од опозицијата да се приклучат на мнозинството. Мислам дека тоа ќе се случи. Имаме силна поддршка од Вашингтон, потенцира Касами во настапот во емисија на ТВ 21.

Тој смета дека оваа Влада има мандат од изборите во 2020 година и треба да продолжи со работа, а додаде и дека приоритет е интеграцијата во Европската Унија. Според него, треба и да се случи реконструкција на Владата

Треба да има промени. Не сме сигурни дали ќе гласаме за сите министри на ДУИ, рече Касами.

Во однос на оставката на премиерот Заев тој наведе дека Заев не се консултирал со него.

Претходна вест„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ вечерва премиерно во МКЦ
Следна вестЗаев во автобусот на Ахмети