ВМРО-ДПМНЕ, категорично го отфрли предлогот и барањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за избор на претседател на државата во рамките на Собранието.
Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, го осуди потегот на ДУИ како чин на политичка манипулација.
ВМРО-ДПМНЕ ниту разговара, ниту преговара под уцена, а најмалку прифаќа уцени, тврди Петрушевски
Петрушевски тврди дека ваквите барања на ДУИ се поради сериозен недостаток на проекти, решенија и реална програма која би им помогнала на граѓаните. ДУИ веќе 20 години се бутка во власта на иста карта, манипулирање со национална реторика заведувајќи ги албанските гласачи.
Петрушевски, во повикот кој одекнува низ политичките коридори, ги повика граѓаните да се кренат против, како што смета, манипулативната тактика.
„Нека биде дополнителен мотив за сите граѓани на следните избори да докажат дека оваа земја не е заложник на политичка партија,
Петрушевски ги повика граѓаните да го оценат однесувањето на ДУИ овие 20 години и според тоа да проценат како тие ќе продолжат да се однесуваат.
Според Петрушевски ,конечено е дојдено време да се потиснат ДУИ во опозиција и да се ослободи државата, а тоа може да се случи само со поддршка од сите граѓани