„Подалеку политиката од полицијата“: Делчев го предупреди Џафери

Откако вчера техничкиот премиер Талат Џафери упадна во СЦР Тетово и ги „проверуваше“ вработените дали работат, утрово се огласи претседателот на Незавсиниот полициски синдикат, Гоце Делчев кој упати силна осуда кон Џафери.

Делчев во изјава за медиумите однесувањето на Џафери го нарече некултурно и непристојно, при разговорот со вработени во СВР Тетово тој го нагласи фактот дека се тоа го снимаше. Делчев нагласува дека политиката треба да се држи подалеку од полицијата.

– Подалеку политиката од полицијата, ако сакаат да се сниаат, политичарите можеа тоа да го сторат пред предизборието пред полициските станици каде се вадат лични документи и каде граѓани чекаа редици, рече Делчев.

Делчев смета дека политичките кампањи и собирањето предизборни поени политичарите можат да го организираат надвор од институциите. Тој застана стриктно на страната на работниците и вели дека истите не треба да се злоупотребуваат за политички цели.

Недостатоците и пропустите во полицијата Делчев смета дека треба да се проверуваат по институционален пат.

Претходна вестТешка сообраќајка во Битола, има повредени
Следна вестКатегорично отфрлање на уцените: ВМР0-ДПМНЕ нема да преговара за барањата на ДУИ – државата е заложник во рацете на ДУИ, време е да ги потиснеме во опозиција, вели Петрушевски