Тешка сообраќајка во Битола, има повредени

На 23.02.2024 во 19.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ П.Ч.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот М.А. и сопатник А.Х.(29) сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Претходна вестТрипуновски обелодени скандал во земјоделството: Голем дел од инвестициите воопшто не биле исплатени
Следна вест„Подалеку политиката од полицијата“: Делчев го предупреди Џафери