Казна од 1.800 евра и садење десет дрвца за рушењето на дрво со шлепер

На сторителот и на правното лице му е изречена казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација за вчерашниот сообраќаен инцидент на булеварот „Свети Климент Охридски“, соопшти денеска Градот Скопје.

Казната е изречена по уводот што го извршил Градскиот инспекторат.

Инаку, во инцидентот, големи шлепер кој излегувал од објектот кој се гради до централната НЛБ – банка, во обид да сврти удри во дрвото, го бутна, по што тоа падна врз автомобил и ја искрши шофершајбната. Трагедијата ќе беше поголема ако настрадаше возачот внатре. 

Претходна вестУште еден викенд без кафеани и продавници во Србија
Следна вестСкопјанец зел рент-а-кар во Дебар и го продал во Куманово