На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции и девет мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните сообраќајни контроли на скопското подрачје.
Имало и три санкции за непрописно престројување на возила, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.