Казнети 142 возачи, 15 возеле без дозвола, седуммина поминале на црвено…

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 142 мерки за направени прекршоци од областа на сообраќајот, соопшти полицијата.

-Изречени се 25 санкции за брзо возење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на црвено светло и шест за користење на мобилен телефон при возење. Санкционирани се и тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол, се наведува во соопштението.

Претходна вестТалентот кој не се надоградува континуирано е залудно потрошен дар
Следна вестПетти ден потрага по исчезнатото девојче во Србија – полицијата ги пребарува каналите