Казнети 150 возачи во Скопје, осум возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, три санкционирани возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници, три санкционирани возила за минување на затворен сигнал-црвено светло.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестСДСМ: Зголемено парламентарно мнозинство ќе обезбеди поголема минимална плата и недела неработен ден
Следна вестПриведен крадец во Чаир, расчистени две кривични дела