Казнети 154 возачи кои возеле пребрзо низ Македонија

Пребрзото возење на македонските сообраќајници е секојдневие. Полицијата вели дека се труди тоа да го сузбие. Па така, во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија се санкционирани 154 возачи кои возеле со недозволена брзина.

Загрижувачко е што дури 8 возила се движеле 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Според извештајот од МВР, во спроведената полициска контрола биле изречени 71 казна за пребрзо возење надвор од населено место и 83 казни за „летање по улиците“ во населено место.  

Полицијата уверува дека сообраќајни контроли ќе има и во следните денови.

Претходна вестШто власта во Македонија прави околу демолираниот македонски клуб во Бугарија?
Следна вестПодготвен ли е СДСМ да биде малцински партнер во Владата?