Полицијата во текот на вчерашниот ден, на територија на Скопје, санкционирала 154 возачи за прекршоци во сообраќајот.
Како што информира МВР, за возење повеќе од дозволената брзина биле изречени седум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две мерки за управување под дејство на алкокол…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.