Возење во алкохолизирана состојба и овој викенд беше чест прекршок кај возачите на скопското подрачје. Тоа го покажува и вчерашниот полициски извештај.
-На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои и 18 санкции за возење под дејство на алкохол, се наведува во соопштението на МВР.
За возење повеќе од дозволената брзина имало 48 санкции како и 13 мерки за возење без возачка дозвола.
-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат.