Казнети 154 возачи во Скопје, 18 биле пијани

Возење во алкохолизирана состојба и овој викенд беше чест прекршок кај возачите на скопското подрачје. Тоа го покажува и вчерашниот полициски извештај.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои и 18 санкции за возење под дејство на алкохол, се наведува во соопштението на МВР.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 48 санкции како и 13 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат.

Претходна вестПоскапеле ли или не, по чиј аршин се мерат цените во Катастарот?
Следна вестБритански Топ чанел: Секој трети имигрант кој го минува Ла Манш е Албанец