Казнети 157 возачи кои возеле под дејство на алкохол на 1 Мај

Вчера (01.05.2024) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 157 возачи, соопшти денеска МВР.

Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола…

-За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестПочнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
Следна вестЧетирицикл излетал од патот кај Галичник, две лица повредени