Вкупно 161 казна се изречени на територијата на град Скопје во текот на минатиот ден. 24 лица се казнети дека возеле пребрзо, а десет возеле без возачка дозвола.
– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.